Причината за пожарот, кој брзо се прошири на релативно голема површина, сè уште не е позната. Пламенот беснее во близина на населено место и позната плажа. Фотографии и снимки од плажата покажуваат како луѓето со вознемиреност ја гледаат огнената стихија.

Противпожарните служби се обидуваат да го изгаснат огнот и од копно и од воздух.

Едно лице загина при гаснењето, загинатиот е вработен во Турската дирекција за шумарство, пренесува агенцијата Анадолија.

Голем број на пожарникари, како и шест хеликоптери, булдожери и цистерни за вода се борат против пожарот, кој постојано се шири со помош на ветерот.