Со цел подобра видливост и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот, осветлени се натпатниците „Дијамант“ и „Маџари“, клучни точки на влезот во главниот град, информираше денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук.

„Со оваа интервенција, покрај зголемената безбедност, се обезбедува и поуреден, модерен и естетски изглед, достоен за градот што ги пречекува своите граѓани и посетители“, посочи Ѓорѓиевски.

Нагласи дека со истата посветеност продолжуваат и во иднина, како што вели, систематски да ги уредуваат и осветлуваат сите мостови и натпатници низ Скопје, создавајќи побезбедна сообраќајна инфраструктура и поквалитетен урбан амбиент.