Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски заедно со дежурната зимска служба во текот на ноќта беше на терен, каде навремено се посипуваше сол поради ниските температури.
-Цела ноќ, за безбедноста на скопјани!
Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки.Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови. Скопје мора да функционира, секогаш, напиша на социјалните мрежи Ѓорѓиевски.
