Доцна попладнево пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град го зафати и главниот град, Скопје. Откако претходно во тетовскиот регион исто така имаше силно невреме, тоа го зафати и скопскиот регион.

Ветерот се движи кон североисточен правец, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Големото невреме ги зафати сите општини, а најмногу видеа на социјалните мрежи има од Ѓорче Петров, Чаир, Карпош.

Силниот ветер и градот направија штети на земјоделските култури и овошните насади но и штети во урбаните средини.