Доцна попладнево пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град го зафати и главниот град, Скопје. Откако претходно во тетовскиот регион исто така имаше силно невреме, тоа го зафати и скопскиот регион.
Ветерот се движи кон североисточен правец, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Големото невреме ги зафати сите општини, а најмногу видеа на социјалните мрежи има од Ѓорче Петров, Чаир, Карпош.
View this post on Instagram
Има невреме, стоиме во колона ама не. Сељациве по тротоар возат од двете страни и само чекам да се заглават. Шо ќе беше то памет во маќедончето бре, тече од сите страни. pic.twitter.com/83dM8cZi1t
— Аритмија (@snowgirly2) June 23, 2024
Големо невреме во регионот на Шемшово и Жилче, има и искршени шовершајбни од град. Изгледа иде накај Скопје, заштитете автомобили. pic.twitter.com/yzWtoN1NJs
— Сафра (@metokara09) June 23, 2024
View this post on Instagram
Силниот ветер и градот направија штети на земјоделските култури и овошните насади но и штети во урбаните средини.