Министерството за здравство денеска информираше дека надминати се еден милион аплицирани дози.

„Во државата вкупно се аплицирани 1.016.700 дози вакцини, а ревакцинирани се 454.788 граѓани. Интересот за вакцинација од пред два дена е значитечно зголемен“, додаваат од таму.

Инаку, од вчера се отворени и дополнителни четири пункта за имунизација против Kовид-19.

Тие се Поликлиниките Бит Пазар, Драчево, Ченто и Ѓорче Петров.