Полицијата во Лајпциг имаше полни раце работа пред вечерашното финале во Конференциската лига, во кое Кристал Палас и Рајо Ваљекано ќе се сретнат од 21 часот. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат судири меѓу навивачите во близина на паб во германскиот град. Група луѓе облечени во црни маици трчале кон навивачи облечени во дресови на Кристал Палас, по што интервенирала полицијата. Германската полиција го блокирала просторот во близина на главниот плоштад по инцидентите.

Англиските медиуми пишуваат дека десетици навивачи биле приведени поради нарушување на јавниот ред и мир. Кристал Палас и Рајо Ваљекано добиле нешто помалку од 11.500 билети за финалето од УЕФА, но се очекува во Лајпциг да пристигнат и илјадници навивачи без билети. Двата клуба вечерва ќе се борат за својот прв голем европски трофеј, а победникот ќе обезбеди место во Лигата на Европа следната сезона.