Тотално неорганизиран систем за подигнување лични документи во зградата на Македонската Радио Телевизија. Во видео споделено на социјалните мрежи од инфлунсерот Никола Николовски – Боемот тој ја објаснува неговата „голгота“ каде и по 6 часа чекање не успеал да земе лични документи.
Тој упати порака до функционерите од власта каде им вели „кои нѐ убедуваат дека сѐ е добро во државава да дојдат и самите да си чекаат за промена на пасош, лична карта и возачка“.
Редици, гужви, тепачки: Еве ја мојата голгота за вадење лични документи во Македонија. Тотално неорганизирани, дури и по 6 часа чекање немаше абер за да извадам документи. Страшно. Ги повикувам и владините функционери кои нѐ убедуваат дека сѐ е добро во државава да дојдат и самите да си чекаат за промена на пасош, лична карта и возачка!, пишува Боемот на Инстаграм.
Во продолжение погледнете го видеото:
View this post on Instagram
Боемот додава и за додавката „Северна“ и вели дека не требало да одиме масовно да вадиме документи.
Големите гужви за подигнување лични документи следуваат откако владата нареди дека по 12 февруари нема да бидат признаени документите кои нема да содржат „Северна“.
Проблем освен со подигнувањето има и со закажувањето за сликање, а страшно големи редици има и во полициската станица „Пролет“. Луѓе уште од 5 наутро чекаат да се сликнат за лични докуемнти.