Новинарот Боби Христов на вчерашното издание на „Топ тема“ потсети дека СДСМ е првата партија која не гласала за своите министри потсетувајќи ја за случките во 2016-та година. Со тоа паднаа во вода лагите на премиерот Димитар Ковачевски кој постојано ги обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека не сакаат да ги гласаат своите министри во техничката влада.

На дебатната емисија гостуваа пратениците Даниела Колева од СДСМ и Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, а новинарот Боби Христов ѝ одржа лекција на пратеничката од СДСМ објаснувајќи ѝ дека токму нејзината партија прва не ги гласала своите министри. Тој како пример ја наведе 2016-та година и направи кратка ретроспектива на тогашните случувања.

Сепак имало партија која не ги гласала сопствените министри. Знаете која? СДСМ во 2016 година. Владата на Емил Димитриев избрана со 72 часа за и 9 воздржани. Техничките министри за внатрешни работи, Оливер Спасовски и за труд и социјала, Фросина Ременски воопшто не присуствувале на седницата. Цела пратеничка група ја напушта седницата, а техничките миинистри од СДСМ даваат свечена заклетва по три дена, рече Христов.

Видео исечокот погледнете го во продолжение:

Факт е дека вие сте таа партија која прва не гласала за своите министри, заклучува новинарот Боби Христов поентирајќи ѝ на Даниела Колева за нелогичностите при изјавите на СДСМ.