Дербито во Битола меѓу Вардар и Пелистер заврши со трилер завршница каде победи скопската екипа. Но, натпреварот го засени инцидентот којшто се случи откако заврши натпреварот.
Имено, според видеата по социјалните мрежи може да се забележи дека откако Вардар победи во последната секунди „попуштија нервите“ кај домашната екипа. Во мешаницата член на обезбедувањето бурно реагираше покрај еден од играчите на Вардар. Ситуацијата ескалираше и кај помошниот тренер на Вардар, Столе Стоилов и кај ракометарот Вуко Борозан, а од домашниот тим нервозата беше евидентна и кај Филип Кузмановски.
Погледнете повеќе од видеото во продолжение:
View this post on Instagram
Погледнете и од друг агол како изгледаше инцидентот. Низ објективот на македонската телевизија може целосно да се види инцидентот.
На вчерашниот натпревар Вардар славеше со 34-35. Триумфот донесе огромна еуфорија кај црвено-црните, особено меѓу нивните верни навивачи „Комити“. Тие пак, со гордост го прославија успехот во, условно кажано, непријателска територија.
Со оваа победа скопскиот тим се врати на врвот на табелата со еден бод предност во однос на Пелистер.
Титулата веројатно ќе се решава во салата Јане Сандански на 8 јуни оваа година каде овие екипи повторно ќе ги одмерат силите. Како и да е, факт е дека дербито во Битола нуди одлична игра и забава за гледачите на двете екипи.