Бележиме засилени градежни активности на изградбата на пругата кон Бугарија, делница од Бељаковце кон Крива Паланка. Оваа делница е во должина од 34км. Во моментов засилено се гради најдолгиот мост број 7, во должина од 194м, еден од трите неизградени мостови, од вкупно 29 мостови”- објави на својот фејсбук профил директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски и дополни:
„Парелелно се произведуваат бетонските елементи потребни за санација на 26 – те полуизградени мостови од 1990 – тите. Вкупно треба да се произведат 352 бетонски елементи а до моментов се произведени 71, со динамика од 10 неделно“.
„Вкупен прогрес на проектот е околу 40%. Проекцијата до крајот на оваа година да се стигне до 50% реализација на проектот.
Продолжуваме со засилено темпо до конечна реализација на овој капитален инфраструктурен проект“, иректорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски.
