Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски денеска најави поддршка за младите во општина Карпош преку покривање на трошоците за обука и полагање испит за возачка дозвола.
– Обуката и полагањето за возачка дозвола претставува сериозно оптоварување на буџетот на секое семејство. За младите да положат за возачка дозвола се вклучуваат и дедовци и баби и од тие причини општина Карпош ќе донесе одлука да даде поддршка да ги покрие трошоците за обука и за полагање на сите млади луѓе кои ќе наполнат 18 години вклучувајќи ја и оваа 2021 година. Со тоа сакаме да им помогнеме на младите луѓе да бидат помобилни, да зачекорат во светот на повозрасните и едноставно да можат повеќе да се дружат, рече Јакимовски.