Вниманието на пошироката јавност го привлече видео кое е актуелно на социјалните мрежи, а изобилува со својот луксуз. На почетокот на видеото на кое се гледа луксузниот стан, агентот за недвижности вели дека по завршувањето на изградбата бил „целосно соголен“ за секој дел да биде најквалитетен.

Лузкузен ентериер

Коментирајќи го ентериерот, тој понатаму наведува дека сите санитарни јазли се од луксузниот бренд Gessi.

„Дури и оваа четка за тоалет чини 700 евра“, вели тој.

Радијатори од 3000 евра и италијански паркет

Наведено е и дека сменет бил секој кабел и осигурувач и поставен бил систем за паметен дом, а прикажани се и радијатори од по 3.000 евра.

„Немојте да се чудите што никогаш досега не сте виделе вакви радијатори“, продолжува тој.

Подовите на станот се обложени со најквалитетен италијански паркет од орев чија цена е 260 евра за метар квадратен.

Подно греење дури и на тераса

Има и подно греење, дури и на терасите со поглед на реката Сава. Станот се наоѓа во зградата BW Terraces која има сопствен базен и теретана.

Извор: Кајгана