Македонската фудбалска лига со сите недостатоци и мани сепак е интересна за нашата спортска јавност, а она што е изненадувачки е дека навивање има и во третата лига. Имено, викендов во Горно Лисиче се одигра фудбалскиот натпревар меѓу Еуромилк Горно Лисиче и Шкендија Арачиново каде домаќините забележаа победа од 2-1 и сега се борат за врвот на третата лига.

Изненадува тоа што на натпреварот можеше да се слушне навивање, овации, но и факели од трибините. За оваа тема ја пренесуваме Инстаграм објавата од „Никола Николовски – Боемот“ кој направи кратко видео во кој е опишана атмосферата на третолигашки меч од македонската лига.

Трета лига > Прва лига 🇲🇰 Како се навива во трета лига во Македонија? 💥 Честитки за Лисичани, отсега се мои фаворити за титула во третата лига 🏆 Не е сѐ во Монте Карло има нешто и во Лисиче 💪, пишува Николовски на Инстаграм.

Во продолжение може да ја погледнете објавата:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Nikolovski (@boemot.mk)