Камион стои превртен на скопската обиколница, во правец кон Куманово, на 500 метри по излезот кај Визбегово, објави Скопје1.

Според првичните информации, возачот успеал сам да се извлече од возилото. Нема информации за неговата здравствена состојба. Местото го обезбедува полицијата. Детали се очекуваат од МВР во текот на денот. Во несреќата, нема други учесници.