Единаесет лица загинаа во несреќата

Единаесет лица го загубија животот денеска при пад на авион во градот Томблен, во североисточниот дел на Франција, соопшти локалната префектура.

Авионот бил дел од училиште за падобранство

Според информациите што ги објави Ројтерс, авионот припаѓал на училиште за падобранство. Во несреќата загинале пилотот и сите десет патници – пет ученици и пет инструктори.

Францускиот министер за внатрешни работи се упатил кон местото на несреќата

Од француското Министерство за внатрешни работи соопштиле дека министерот за внатрешни работи е на пат кон местото на трагедијата. Авионот полетал од аеродромот Ненси-Есеј во недела наутро.