На социјалните мрежи се појавија голем број на видеа на кои јасно се гледа како голем број на тенкови и артилерија придружени од армијата се позиционираат на самата граница меѓу Израел и појасот Газа.
Многумина сметаат дека ова е само демонстрација на сила за Хамас конечно да престане со нападите кон цивилното население, додека пак некои велат дека ситуацијата од тука би можела брзо да ескалира и да прерасне во отворена војна.