– Очигледно е дека големи се хипотеките на Мицкоски кон Камчев па затоа прави се за да му помогне на овој тајкун од времето на режимот. Наместо Мицкоки да биде првиот кој ќе повика на брза разрешница на предметот „Плацовите на Водно“, тој на Камчев му го донира првиот човек на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Менкиновски како бранител, вели Костадинов.
Тој вели дека на Мицкоски не му е ниту до правда, не му е до граѓаните, ниту пак до членовите на неговата партија, и како што вели, ги штити криминалците и додава дека Мицкоски го блокира Собранието.
– Мицкоски е за интересите на криминалците, единствен на браникот на криминалот и затоа нека не се чуди што шест пати е поразуван од граѓаните и што е во опозиција. Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ се поразувани од граѓаните, се поразувани од правдата и законите и ќе бидат поразувани и одново, се додека се на страната на криминалот наместо на страната на граѓаните, нагласи Костадинов.