На 1 април во СВР Скопје било пријавено дека во маркет во Црниче, три лица извршиле кражба при што одзеле сеф.
Според видеото објавено на социјалните мрежи, може да се забележи возило и лица кои се обидуваат да го одземат сефот од маркетот. Додека е вклучен алармот, тие успеваат да го стават во багажник, тргнуваат, но по пат поради инерција, сефот паѓа на патот, па се враќаат повторно да го подгинат.