Црквата „Свети Никола“ во Катланово кај Скопје минатата недела била мета на крадец, кој според видеоснимките од надзорните камери внимателно ја претресувал внатрешноста барајќи пари.

На видеото се гледа како маж сам влегува во црквата и без брзање ги разгледува иконите, проверувајќи каде верниците оставале пари „за здравје“. Тој систематски ги поминува сите места каде што обично се оставаат донации, земајќи ја секоја сума што ја наоѓа, по што мирно ја напушта црквата.

Според првичните информации, во инцидентот не е направена поголема материјална штета на објектот, но е одземена доброволната парична помош што верниците ја оставале во текот на денот.

Случајот е пријавен во полиција, а истрагата е во тек.