Кривична пријава против жител на Крива Паланка поради мачење животно
ОВР Куманово ќе поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Крива Паланка против 23-годишниот А.А. од Крива Паланка, поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по член 233 од Кривичниот законик.
Објавил видео на социјалните мрежи
На 10 мај 2025 година, околу 23:30 часот, во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на социјална мрежа е објавено вознемирувачко видео. На снимката се гледа како куче е врзано за патничко возило во движење, при што животното е принудено да трча зад него.
Погледнете ја во продолжение:
Утврден идентитетот на сторителот
По добиената пријава, полицијата веднаш постапила и спровела соодветни мерки. Било утврдено дека сопственик на возилото и на кучето е лицето А.А. (23) од Крива Паланка. Со него бил извршен службен разговор, по што ќе следи кривична пријава.