„Овде во Оризари ќе видите зошто токму акцијата ја нарековме „Ова е Македонија за сите“ ова е населено место кое се наоѓа во Кочани во кое трафостаниците немаат загуба, овде луѓето си ги плаќаат сметките за струја, овде луѓето плаќаат данок за имот, плаќаат даноци и надоместоци“, истакна пратеникот Миле Лефков од редовите на ВМРО-ДПМНЕ при денешната теренска активност на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Ова е Македонија за сите“.

Тој истакна дека во Оризари нема да се слушне дека Владата дала помош од 1 милион евра или вонредна помош од половина милион евра.

„Овде живеат чесни и вредни луѓе кои сами си ги плаќаат сметките за струја, надомест и даноци. Произведуваат храна во полињата и се зголемуваат трошоците и за жал ова се населените места кои се погодени од криминалната власт на ДУИ и СДСМ за овие луѓе ДУИ и СДСМ не водат грижа“, рече Лефков.

Лефков истакна дека овие луѓе ќе ги казнат ДУИ и СДСМ.

„Ова се вистинските луѓе, ова е Македонија и ова се луѓето кои ќе ги казнат ДУИ и СДСМ и ќе ги пратат во политичка пензија и историски заборав. Она што луѓето тука го чекаат се предвремени или редовни избори на кои ќе се гласа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата од ВМРО-ДПМНЕ и конечно ќе градиме држава Македонија која ќе биде за сите, а не само за елитите од власт“, посочи Лефков.