„Тимовите на ВМРО-ДПМНЕ повторно на терен. И денес недела се наоѓаме во Сачево, продолжуваме во Дабиле, Костурино и Градско Балдовци. Овој тим позади мене во моментов е на средба со граѓаните кои што се чувствуваат понижени, деградирани, дискриминирани затоа што никој никогаш ниту од централната, ниту од локална власт на СДСМ во општина Струмица не дошол не ги прашал за нивните проблеми“, истакна пратеникот Ели Панова при посета на населените места при теренската активност„Ова е Македонија за сите“.

Панова додаде дека граѓаните стануваат секој ден се посиромашни поради алчноста на власта.

„Граѓаните се жалат заради тоа што имаат проблеми и со производството и со продажбата на нивните раноградинарски производи. Кажуваат од власта дека никогаш не ги прашале ниту за полските патишта, ниту за водоводните канали, ниту за водата која што се помалку ја имаат“, рече таа.

Пратеничката посочи дека граѓаните едвај чекаат да дојдат парламентарните избори за да став ат крај на оваа ненародна влада предводена од ДУИ и СДСМ.