Според него пописот е огромен ризик по јавното здравје.

Најпрво тој го осуди директорот на ДЗС, Апостол Симовски кој ја гарантира безбедноста на попишувачите за претстојниот попис.

– Кој со здрав разум може да ја гарантира безбедноста и почитување на протоколите на 3500 попшувачи? Од ова се гледа дека имаме целосно политизирана и нарачана операција, вели Лефков за Радио Лидер.

Според него ако ги погледнеме извештаите на светските реномирани институции како Обединетите Нации и слично, сите даваат препораки за да се одложи пописот и да се поврзе со процесот на имуниација.

Лефков остро кон директорот на ДЗС: Кој со здрав разум може да ја гарантира безбедноста на 3500 попшувачи?

Исечок од гостувањето на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков

Posted by Радио Лидер on Wednesday, March 24, 2021

 

Тој додава дека целосно неодговорна е изјавата на директорот на ДЗС за безбедноста на попишувачите.

– Како можете вие да гарантирате дека ќе се почитуваат протоколите? Имате заболен медицински персонал, дури и тие се заболуваат, а вие со обука од 5 минути гарантирате?, прашува Лефков и ги објаснува последиците од попишувачите на секое семејство.

Тој може да апелира, а не да гарантира, завршува Лефков.