Миле Лефков најпрво кажа дека проблемите најпрво треба да ги решат оние кои се одговорни за тоа и тука алудираше на министерот за здравство Венко Филипче. Бидејќи Филипче не успеа да набави вакцини и направи цел хаос во здравството, Лефков смета дека треба да си даде оставка.
– Потребно е да има кривична одговорност за тоа што не набавиле вакцини, односно не го заштитиле јавното здравје, вели Лефков за Радио Лидер.
Понатаму го кажа примерот со охридскиот здравствен работник кој го вратиле назад бидејќи го немало на списокот. За овој хаос тој вели дека одговорен е единствено Венко Филипче.
Posted by Радио Лидер on Wednesday, March 24, 2021
Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе поднесе до собраниската комисија за здравство ќе поднесе барање за декласификација на информациите за тоа кои лица се вакцинирани.
– Ќе поднесеме барање за декласификација на информациите за тоа кои лица се вакцинирани бидејќи ние, а и јавноста има сознание дека се вакцинирани луѓето блиски до власта, вели Миле Лефков за Радио Лидер.