Преку објава на Инстаграм, Ди Каприо пишува дека Вјоса е најголемата дива река во Европа и е од витално значење за повеќе од 1.100 видови слатководни риби.

Актерот директно им се обраќа на лидерите на трите најголеми политички партии лидери на најголемите партии во земјата, како и до претседателот на републиката, Илир Мета.

– Минатата недела, на Меѓународниот ден на водата, активисти ширум Европа ги повикаа албанската влада и Европската комисија да ја поддржат иницијативата реката Вјоса да стане национален парк. Реката Вјоса е најголемата дива река во Европа. Текот на реката е над 300 километри од изворот на планините во Грција до Јадранското Море. Реката е од витално значење и важна за повеќе од 1.100 видови слатководни риби и е од културно значење за луѓето во Албанија, апелира Ди Каприо во видеозапис.

Актерот потсетува и на тоа дека Европскиот парламент ги повикал албанските власти „да го создадат Националниот парк Вјоса што е можно поскоро, проширувајќи го по целата должина на реката“.

Тој минатата година им се придружи на повиците упатени до властите на Босна и Херцеговина перманентно да се забрани изградбата на мини-хидроцентрали и така да се спречи уништувањето на реките и на животната средина во оваа земја.