На денот на независноста во населбата Даме Груев во Општина Ѓорче Петров се одржа ревијален фудбалски турнир. Ѓорчевци испратија порака дека Македонија ќе живее.

На турнирот можеа да се забележат многу знамиња, факели, а свое обраќање имаше и градоначалникот на општината, Александар Стојкоски. За ова се огласи и пратеникот Бојан Стојаноски на својот профил

Ревијален фудбалски куп “Геге 2023” кој се одржува секој 8-ми септември! Фудбал, патриотизам, народ, Македонија. Како што доликува за населба Даме Груев, во Ѓорче Петров. Да живее независна, силна и достоинствена Република Македонија. 🇲🇰, напиша Стојаноски