Повеќе од 100-ина автомобили во моментов се наоѓаат на границата меѓу Бугарија и Романија во пресрет на првиот настап на македонската репрезентација на Европското првенство, што ќе го започне утре со натпреварот против Австрија.
Од тоа што може да се види, но и како што известуваат за Радио Лидер, од автомобилите се слушаат навивачки песни, а за влез во Романија поради гужва на граничниот премин се чекало и до еден час.
Македонските навивачи на бугарско-романска граница…
Македонија на европско, напред момци 🇲🇰 pic.twitter.com/gp3cWb0rSa
— Чичо Боем (@konzervativen) June 12, 2021