Вицепремиерот Изет Меџити денеска пред медиумите ги отфрли шпекулациите за промена на химната, но засега и за грбот. Тој категорично кажа дека не се преговара за химната и грбот, а дека владата има утврдени столбови како економски просперитет, враќање на правната држава, децентрализацијата и евроинтеграциите.

„Во фокус ни е владината програма, каде има утврдени столбови. Нема преговарања во однос на химната, грбот, но нема ни табу теми“, порача Меџити.

Од овде се отвораат многу прашања. Дали опозицијата сама си прави теми за да биде актуелна? Идејата за промената на химната категорично е отфрлена дури и од вицепремиерот Меџити, но не и за медиумите блиски до СДСМ и Левица кои ја пласираа оваа теза.

Промената за државниот грб исто така ги разбрани медиумите претходниве денови. На оваа тема разговаравме во нашето студио со хералдичарот Нацевски.

Јавноста во Македонија треба да знае дека во Бугарија никогаш не бил употребуван црвен лав на златна основа. Тоа значи дека било какво толкување црвен лав на златна основа како бугарски симбол е научно неосновано, категоричен е хералдичарот Иван Нацевски во гостувањето на Радио Лидер.

Произлегуваат многу прашања. По сите овие настани неизвесно е дали опозицијата ќе ретерира или ќе продолжи со својата реторика базирана на невистини. Дали и оваа теза ќе биде како и многу други „Многу врева за ништо“