Средбата меѓу Доналд Трамп и Џорџа Мелони на самитот на НАТО во Анкара брзо стана тема на социјалните мрежи. Причина беше моментот што го забележаа камерите за време на поздравувањето меѓу американскиот претседател и италијанската премиерка.

Трамп и Мелони се сретнаа првпат по нивната јавна вербална пресметка, која почна по неодамнешниот самит на Г7 во Франција. Тогаш Трамп ја обвини Мелони дека „молела за фотографија“ со него.

Италијанската премиерка не остана без одговор. Таа порача дека нејзината политичка позиција не зависи од односот со американскиот претседател, туку од тоа колку успешно ги брани националните интереси на Италија.

Тензијата дополнително се засили пред заминувањето на Трамп за Анкара. Тој на својата социјална мрежа „Truth Social“ објави иронична порака дека на Мелони „треба да ѝ се забрани влез“.

И покрај претходната размена на остри пораки, средбата во Турција почна во дипломатски тон. Пред камерите имаше долго ракување, кратка размена на зборови и насмевки за фотографите.

Но, вниманието не го привлече само поздравот. На социјалните мрежи најмногу се коментираше моментот кога Мелони, додека се поздравуваше со Трамп, превртуваше со очите.

Претходно, додека лидерите се подготвуваа за семејната фотографија, Мелони се обидела да го избегне Трамп додека тој поминувал покрај неа.