Интегралната објава ја пренесуваме вопродолжение:

Гласот на тивкото мнозинство е гласот на разочараниот работник, на револтираните млади, на тие кои имаат своја компанија и се борат за нејзин опстанок секој ден.

Гласот на тивкото мнозинство е глас на работниците по скелињата, на образовните и културни работници кои се потиштени, тоа е глас на актерите кои сонуваат за големи улоги.

Тивкото мнозинство се и земјоделците кои работат на нивите и ја хранат нацијата.

Сите овие луѓе мора да знаат дека нивната, но и иднината на Македонија зависи лично од нивниот глас.

Тоа тивко мнозинство може да создаде нова среќа, надеж и нов почеток.

Затоа го повикуваме огромното тивко мнозинство да излезе и на 17 октомври да го даде својот глас за промени.

Заедно да создадеме иднина, а не друг да ни ја крои судбината.

Гласот на тивкото мнозинство е гласот на разочараниот работник, на револтираните млади, на тие кои имаат своја компанија и се борат за дневен опстанок на компанијата која им е се, и за која вложиле се, на угостителите со кои експериментира оваа власт, на работниците по скелињата, на таксистите по улиците, на просветните и културните работници, на актерите кои сонуваат за големи улоги и полни театри. Тоа е гласот и на музичарите, уметниците, на убавите луѓе во нашите градови, но и селата, земјоделците, тој работен и правичен народ кој гледа и слуша се. Сите овие луѓе на нашата Македонија мора да знаат дека новата иднина зависи лично од нивниот глас, гласот на тивкото мнозинство со кој победува надежта и заедничката среќа.

#СоздадиНоваИднина

Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday, October 13, 2021