– На Велигден споменуваме за големата саможртва на Бога и го славиме, бидејќи преку воскресението ја славиме и вечноста. Овој Велигден покрај празничната радост не обзема и горчина поради тоа што нашата земја се соочува со тешка криза. Повеќе од 4,800 наши сограѓани ги загубија своите животи, и над 150,000 се заразија и поминаа низ силни искушенија. Дали можеше поинаку земјата да се справи со оваа криза? Примерите околу нашата држава покажуваат дека и тоа како можеше, и поинаку, и многу подобро. Немаа план, а сиромаштијата расте. 60 илјади наши сограѓани останаа без работа, а многу бизниси трпат огромни загуби. Животот е се потежок. Во овие празнични моменти ова е горчината која го јаде секој еден човек и на секој еден од вас сакам да соопштам дека ви ја разбирам и болката и горчината, рече Мицкоски.

Но затоа, додаде тој, мораме да ги менуваме работите заедно, пред државата да падне подлабоко во амбисот на неспособноста, криминалот и обезличувањето. Ќе донесеме иднина.

 

Христос Воскресе!
Навистина Воскресе!

Посакувам многу среќа, здравје, и просперитет за Вас и Вашите најблиски.

Posted by Hristijan Mickoski on Saturday, May 1, 2021

– Да не дозволиме уште еден Велигден да поминеме во несреќи. Дали е возможно? Секако дека да. И заедно сме и посилни и поспособни. Следува македонска пролет и поубави денови. Ќе изгрее сонцето и за Македонија. Ви посакувам лична среќа, успеси, и убави нешта за Вас и Вашите семејства. Да си помагаме едни со други, така и Бог ќе ни помогне, потача Мицкоски.