„Да не влегуваме во замката на предизборната кампања во Бугарија“

Премиерот Мицкоски шри денешната посета на Штип даде одговор и за преписките на релација Скопје – Софија. Тој вели дека во услови на предизборие во бугарското општество, главна тема сакаат да биде Македонија.

Ќе го гледаме нашиот интерес, да не влегуваме во замката на предизборната кампања и реториката која е дел од предизборието во Бугарија. Јас жалам што во отсуство на сериозна визија, проекти, стратегија и политики главна тема сакаат да биде Македонија и македонското прашање, вели Мицкоски.

Ваквата изјава е по дипломатскиот скандал и по тензијата на релација Скопје – Софија.

„Помината е црвената линија“: Мицкоски и МНР на иста релација, бараат извинување од Бугарија за дипломатскиот скандал

Мицкоски посака на бугарските избори да има влада со која ќе се соработува

Премиерот посака успешна изборна трка на бугарските политичари и изрази надеж за соработка со идната влада на Бугарија.

Јас им посакувам успешен избор и конечно по седми пат да изберат стабилна и успешна влада со која може да преговараме ние како македонска влада. Тоа се очекува од добри соседи, па затоа постои и договор којшто е наречен добрососедски договор, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Изјавата погледнете ја од видеото во продолжение: