Вкупно 166 лица се повредени во железничка несреќа во Куала Лумпур, соопшти министерот за транспорт на Малезија.
Според „Малај меил“, два воза, од кои едниот бил празен, се судриле вечерва во 20:33 часот по локално време. Во вториот воз имало 232 лица.
Вкупно 47 лица се сериозно повредени и пренесени во болница.
More than 200 injured in train #accident in #Malaysia. #kualalumpur @chedetofficial pic.twitter.com/PmwEn8kATR
— khudro manush (@KhudroM) May 24, 2021