Според првичните информации, за време на нападот повредени се шест лица. Полицијата успеала да го уапси напаѓачот, меѓутоа, за сега нема информации за кого станува збор и кои се мотивите за нападот.

Напаѓачот е ранет во нога, пренесува германски „Билд“.

Во тек е полициска операција и голем дел од градот е блокиран. Германските медиуми пренесуваат дека засега нема индиции дека постои и втор напаѓач. Исто така, полицијата на твитер објави дека не постои опасност за граѓаните.