Запленети железни шипки и месингани боксерки – ангажирани 400 полицајци

Во Ница беше спречен можен хаос пред натпреварот од Лигата на Европа, откако полицијата приведе повеќе од 100 навивачи на Рома.

Како што пренесе „RMC Sport“, безбедносните камери овозможиле да бидат забележани групи навивачи кои се движеле кон стариот град во Ница. При претресот, биле откриени железни шипки и месингани боксерки.

„Полицијата ги запре тие лица и го заплени целото оружје“, се наведува во соопштението на префектурата.

Властите соопштија дека биле уапсени 102 лица, идентификувани како „вооружени ултраси на Рома“.

За одржување на редот, мобилизирани се околу 400 полицајци, а мерките вклучуваат забрана за консумирање алкохол на улиците. Дополнително, ноќните клубови во областа ќе затворат порано.

Натпреварот меѓу Ница и Рома се игра вечерва.