Новиот директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски веќе неколку месеци е актуелен за пошироката јавност откако со неговото име се поврзуваат неколку контроверзии, веројатно неосновани. Дека обвинувањата за Бојан Христовски се неосновани вчера потврди и Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) која утврди дека нема основ за постапување по наводите за судир на интереси и корупција во врска со именувањето на Бојан Христовски за директор АНБ.
Дали Бојан Христовски ќе добие НАТО сертификат?
Утрово на емисијата „Утринско еспресо на Радио Лидер“ главниот уредник на емисијата, новинарот Љупчо Златев ги повика надлежните институции да се повикаат на следната одлука која ќе ја донесе НАТО и дали Бојан Христовски ќе добие сертификат од оваа институција.
За Христовски имаше безброј лажни обвинувања: Имал лажен TOEFL, му оспоруваа дека завршил Економски кој впрочем не му треба за оваа функција, има ДИФ и безбедност. ДКСК излезе и рекоа дека нема ништо спорно, оградувајќи се дека нема механизам за проверка на автентичноста.
Во секој случај се пумпаше ситуацијата. СДСМ и Левица секојдневно пуштаа соопштенија. На крајот, ДКСК пресече во полза на Христовски. Тоа е ситуација која ја смирува работата. Луѓе се сензибилизираат за TOEFL, луѓе кои не се сензибилизираат за тоа што директор на УБК направил хотел од 50 милиони среде Скопје или се возел во приватен авион до Монако, го купил Здравје Радово, ја градел Панорамика од 300 милиони евра. Тогаш не се сензибилизираат, а сега кога доаѓа човек што не е од дувлото на УДБА него го реметат, вели Златев.
Новинарот Драган Милосављевиќ се надоврза на Златев и вели дека некои луѓе се пуштени на најјако против Христовски.
Напорно се обидуваат да направат приказна таму каде нема. Просто неверојатно. Се наоѓаме среде една офанзива на ботови против Бојан Христовски, додава Милосављевиќ.
Златев потсети дека тој прв пишувал против Сашо Мијалков.
Кој ќе одговара доколку Христовски добие НАТО сертификат?
Тоа што ДКСК го одлучило не го спасува Бојан Христовски. Бојан Христовски како директор на АНБ треба да добие НАТО сертификат. Треба да добие НАТО сертификат, од Алијансата. Таму проверките не се едноставни туку одат во детализам. НАТО не даде сертификат на многу наши ликови меѓу кои и Фрчкоски, Виктор Димовски итн. НАТО ќе му провери се на Бојан Христовски и НАТО ќе провери сите дипломи, TOEFL, и НАТО ќе провери дали има судир на интерес. Доколку НАТО одлучи дека не е релевантен за оваа функција, тогаш Владата ќе биде принудена да го тргне. Тука завршува се. Доколку Бојан Христовски добие НАТО сертификат, тогаш овие кои сега го критикуваат ќе треба да одговорат од кој центар на моќ добивале насоки да пишуваат против Бојан Христовски.
Драган Милосављевиќ потсети дека претходната влада веројатно заборава НАТО дека не давало сертификати за нивни функционери.
Еве НАТО нека пресуди. Ако НАТО одлучи дека Бојан Христовски не треба да биде директор на АНБ јас од ова студио секое утро ќе го повикувам премиерот Христијан Мицкоски да го разреши Бојан Христовски од оваа функција, заклучи Златев.