Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, денеска на прес конференција, информациите дека во Струга има дивоградби ги оцени како шпекулација, а новинарката од Алфа телевизија ја нарече неписмена.
И покрај информацијата за постоењето на 65 дивоградби долж крајбрежјето, а во извештајот на Државниот завод за ревизија е наведено дека има постапки за легализација на бесправни објекти во крајбрежен појас, но и куќи, Мерко упорно тврди дека тоа се шпекулација, притоа навредувајќи ги новинарите.
Еве ја комуникацијата помеѓу Мерко и новинарката.
Мерко: Тие се шпекулации и тоа големи шпекулации. Одете вие имате 500 во Охрид, имате 12 локали во најзаштитениот дел на изворите во Свети Наум.
Новинарката: Одговорете за вашиот дел!
Мерко: Слушај сега, а бе слушај сега, ти викаш едно, јас велам друго, овде нема дивоградби.
Новинарката: Ако општината не знае што гледа, и Државен завод за ревизија имаше извештај во којшто стои дека имаме над 2.000 дивоградби и тие не знаат што прават? Пак шпекулирате. Официјален извештај градоначалник од Државен завод за ревизија.
Мерко: Ама ти пак шекулираш.
Новинарката: Писмена сум, знам да читам.
Мерко: Не си!
Новинарката: Вие како пописмени од мене кажете! Сите тие дивоградби се пред 2011-та.