Премиерот Христијан Мицкоски утрово ја посети Царинската управа со која раководи Бобан Николовски. Тој ја презеде функцијата директор на Царинска управа на први јули оваа година, па тој информираше што сработил во првиот месец.
Николовски информираше дека во јули годинава Царина работела повеќе од лани. Царинските службеници за само еден месец имале видливи и мерливи резултати – зголемен е приходот на царината и спречен е меѓународен ланец на криминални активности.
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека следниве месеци ќе има рекордна и безуловна борба со криминалот. На тој начин премиерот вели дека ќе има повеќе приходи во Буџетот, а истите ќе се искористат за капитални инвестиции.
Нема повеќе да биде по принципот „како до како до сега“. Царинската управа и значајна во борбата против криминалот и корпуцијата. Затоа очекувам исклучително сериозно резултати. Ако некој мисли дека ќе биде „Како до сега“ сериозно се лаже, рече Мицкоски.
Мицкоски најави и ревизија на досегашната работа, како и дека криминалот нема етничка или верска припадност.
Сите ќе подлежат на санкии, нагласи Мицкоски.
Што се однесува до првиот човек на Царина, Бобан Николовски тој е вработен во Царинската управа веќе 15 години, а на функцијата директор дојде од позицијата пратеник во македонското Собрание.