Би сакал да го честитам денешниот празник, 11 Октомври навистина еден голем празник, македонскиот народ ја отпочнал борбата за конечно воспоставување на сопствена држава, празник којшто за жал според активностите на оваа власт е оспоруван, не директно туку индиректно, прифаќајќи ги начелата на она кои се основни барања од страна на Република Бугарија, мислам дека на некој начин се оспорува и празникот, кој што многу говори за односот на актуелната власт кон Народноослободителната борба, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

-Сметам дека треба да се цени празникот затоа што македонскиот народ се стави на страна на прогресивните народи и се крена против фашизмот, во услови кога темни години надвиснуваа над Европа, се бореше против фашизмот и се избори и против фашизмот и да добие сопствена македонска држава. Ова е празник кој треба да го славиме со пиетет, порача Николоски.