Кај Ботун се решава најтешкиот предизвик на автопатот Охрид – Кичево, со специјални машини кои тежат по 130 тони се влегува во земјата по 20 до 28 метри за да се стабилизира земјиштето на најтешкиот дел од автопатот, објави на социјалните мрежи вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

-Вкупно 250 арматурни кафези, секој арматурен кафез тежи по 30 тона железо, се спуштаат во земја и истите после тоа се поливаат со бетон, на овој начин се решава најтешкиот дел од автопатот Охрид – Кичево.

Ја градиме Македонија!, напиша Николоски.