За да можете да ја користите оваа опција, осигурајте се дека вашата Instagram апликација го има најновиот апдејт. Доколку сѐ уште го нема, направете го. Потоа одете во Подесувања (Settings) и кликнете на Приватност (Privacy). Таму ќе видите нова опција наречена Скриени зборови (Hidden Words). Со неа можете да напоравите филтер на навредливи и непосакувани зборови одбирајќе ги од понудената листа, или пак можете да внесете и свои зборови. Поканите за пораки и коментари потоа автоматски нема да ви се појавуваат доколку ги содржат одбраните зборови.

Кога ќе отидете кај вашите пораки, ќе видите нова секција под Покани за пораки (Message requests) наречена Скриени покани (Hidden requests) за во случај да сакате да ги прегледате.

Така, сега и на Instagram е едноставно со неколку чекори да се ослободите од спамерите.