Тензичен финиш на дуелот меѓу ФК Вардар и ФК Башкими
Натпреварот меѓу ФК Вардар и ФК Башкими заврши во сенка на случувањата од самиот финиш, кога фокусот од играта се префрли кон тензичните моменти на теренот. Наместо резултатот и фудбалските потези да бидат во центарот на вниманието, јавноста говори за реакциите и спорните одлуки.
Спорната одлука на арбитарот
Главниот судија Бенјамин Ќерими досуди директен црвен картон за Реџеп Мурати, одлука што предизвика силни негодувања. По исклучувањето дојде до турбуленции на теренот, а дел од фудбалерите на кумановскиот тим отворено го изразија своето незадоволство и размислуваа за напуштање на средбата.
Од Фудбалска федерација на Македонија соопштија дека исклучувањето било поради недолично однесување, односно плукање. Мурати, пак, јавно ги демантираше ваквите наводи, нагласувајќи дека настанот бил погрешно интерпретиран.
Снимка од друг агол
Во меѓувреме, во јавноста се појави и нов видео-материјал од спорниот момент, снимен од поинаква перспектива. Мурати се обидел да го исплука судијата, затоа одлука за црвен картон. Станува збор за снимка од продукцијата „Скок“ на Мијалче Дургутов, која нуди подетален увид во случувањата во метежот.
Материјалот од стадионот на ФФМ отвора простор за дополнителни анализи, а јавноста има можност самостојно да донесе заклучок за контроверзниот крај на натпреварот.
