Договорена е директна авионска линија која ќе оперира од Тиват до Скопје, информира вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на заедничка прес-конференција со вицепремиерот на Црна Гора.

-Истата ќе опреира, за почеток, два пати неделно. Ќе стартува од 1-ви мај и се надевам дека сериозно ќе придонесе во зголемување на, не само бројот на патници и размена помеѓу двете држави, но и зголемување на туризмот и на бизнисот. Се надевам дека ќе ја користат многу луѓе, многу патници, дека и на тој начин ќе се зголемува бизнис размената помеѓу нашите две пријателски, братски држави и на тој начин ќе може уште повеќе да расте соработката, рече Николоски.

Вицепремиерите разговарале и за соработка во економскиот дел. Планиран е бизнис-форум на кој ќе се запознаат компаниите од двете држави, со директна поддршка од двете Влади.