-Одборот за проценка на ризик во областа на безбедноста на лековите (ПРАЦ) јасно заклучи дека вакцината на Астра зенека е безбедна и ефикасна, рече Кук на прес-конференција.
„Придобивките од оваа вакцина ги надминуваат ризиците“, истакна Кук.
Вакцината не е поврзана со поголем ризик од тромбоемболија, но по анализата на лабораториските резултати, клиничките испитувања и аутопсијата, и понатаму не може да се отфрли поврзаност помеѓу овие случаи и вакцината, додаде таа.
-ЕМА не може да го исклучи постоењето на поврзаност помеѓу вакцините и згрутчувањето на крвта, додаде таа.
Затоа, на националните власти им се препорачува да ја подигнат свеста за можните несакани ефекти и внимателно да ги следат.
Таа додаде дека се потребни дополнителни истражувања за инциденти поврзани со згрутчување на крвта по вакцинирањето со вакцината на Астра зенека.
Кук рече дека при вакцинирање на милиони луѓе, не може да се исклучи дека ќе се појават и ретки случаи на развој на болести.
Во ЕУ вакцината досега ја примиле 7 милиони луѓе, а во Велика Британија 11 милиони.
Затоа ПРАЦ предлага поголемо внимание околу случаите на тромбоемболизам и ќе започне дополнителни истраги за подобро разбирање на овие ретки случаи.
Сабина Штраус од Одборот за проценка на ризик на истата прес-конференција рече дека има извештаи за исклучително ретки случаи на церебрална венска тромбоза, но дека сè уште нема доволно податоци за со сигурност да се заклучи постоењето на поврзаност со вакцината на Астра зенека.
-Продолжуваме со истрагата околу Астра зенека. Ќе ве информираме за наодите, рече Има Кук, извршна директорка на Европската агенција за лекови.