– Ивент индустријата е најзагрозена од пандемијата. Според централниот регистар нашиот промет е паднат за 62%. Во целата оваа 2020 година, па и во 2021 година ние освен шесте месеци помош за плата немаме добиено никаква друга поддршка од Владата. Не сакаат да нè слушнат. Тие предвиделе некаков конкурс на кој што ќе можеме да аплицираме за организирање државни настани. 30-годишнината од независноста на Македонија секако ќе се организираше, ниту можеме тоа да го наречеме помош, ниту ќе им помогне на компаниите, особено што нема да бидат помогнати сите, туку само одбраните и не може од еден настан компанијата со парите што ќе добие да ги покрие загубите, изјави Маја Бабиќ од ИВАП.

Во ИВАП членуваат оние кои изнајмуваат озвучување, осветлување, бина, бинска опрема, видео и аудиопродукции, техничка поддршка, итн. Бабиќ кажа дека според податоците од Централниот регистар, ниту една компанија од овој бизнис досега не е затворена и ниту еден вработен не е отпуштен.

Протест на организатори на настани

Posted by MИА.mk on Monday, April 12, 2021

– Ние сме одговорни компании, не смееме ни да помислиме да побараме да работиме со секојдневно починати голем број наши сограѓани, рече таа.