– Вистината е дека, да, лично јас се јавив на полициска службеничка, прекрасен глас, Виолета ниту ја знам, заради тоа што овие возила веќе беа влезени на територијата на Република Македонија и чекаа без право да мрднат, не им даваше никој заради тоа што влегле после 22 часот, рече Заев.
Заев додаде дека е доспатен за сите граѓани и дека не прекршил ништо.
– Културно се обратив до службеничката и таа уредно забележала дека премиерот се јавил. Јас немам прекршено ниту една одредба, туку само сакав да им помогнам на луѓето, рече Заев.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го обвини премиерот Зоран Заев дека тој лично ургирал кај граничарите за да бидат пропуштени неколку автомобили за време на полициски час. Иако Заев рече дека не ја знае полицијката, сепак ова изнуди многу сомнежи за јавноста. pic.twitter.com/6CACx4GzLY
— Радио Лидер (@lider107_4fm) March 17, 2021
Но, сепак ова отвори сомнеж кај некои луѓе дали станува збор за службеничка која Заев ја познавал или не. Твитер заедницата реагираше на ова и кажа повеќе информации за службеничката на која ѝ се јавил Заев.
Да разјасниме која е службеничката Виолета А. на која Заев и се јавувал на границата Деве Б.
Виолета е мајка на Дарко А. активист на СДСМ, екс советник во Општината кој меѓувремено вработен како инспектор во МВР си присуствуваше на седниците во Советот.
Ќе има одговарност!!! pic.twitter.com/ckgWHuIJfb— палаџуџо (@paladzudzo) March 16, 2021
– Виолета е мајка на Дарко А. активист на СДСМ, екс советник во Општината кој меѓувремено вработен како инспектор во МВР си присуствуваше на седниците во Советот, пишува „Палаџуџо“ на Твитер.