Љупчо Палевски-Палчо, осомничен за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, при спроводот во Кривичен суд кажа дека не ги сторил убиствата. Прашан од „Скопје1“ дали за тоа има докази – рече: „да“.
Тој не одговори какви докази поседува. Пред судијата на претходна постапка нема да се брани со молчење.