Петрушевски најпрво кажа дека власта избегнува дебата со опозицијата и дека честопати оди на интервјуа со наместени прашања и тој објаснува дека со тоа се гледа „демократијата“ на Владата.
Пратеникот вели дека оваа влада се фали со транспарентност, слобода на медиуми, а впрочем дека не е ни приближно до тоа. Потоа, тој се осврна на вчерашното интервју на Оливер Спасовски.
– Најпрво мора да кажам дека во државава имаме закон за заштита на укажувачи или популарно кажано „свиркачи“ и законски легитимно е доколку некој службеник од државната администрација којшто не се процесира да го објави до медиуми и истиот да биде заштитен, вели Петрушевски.
Петрушевски вели дека Оливер Спасовски мора да поднесе одговорност за целата афера „Мафија“ и додава дека Спасовски МВР го претворил во швајцарско сирење. Повеќе може да погледнете од видеото во продолжение.
Петрушевски за аферата „Мафија“: Спасовски МВР го претвори во „швајцарско сирење“
Posted by Радио Лидер on Thursday, April 15, 2021