Четириесетгодишен земјоделец од Индонезија загинал откако бил нападнат од џиновски питон долг околу седум метри. Неговото тело било пронајдено во стомакот на змијата, потврдила полицијата во индонезиската покраина Северен Малуку.
Жртвата, Хасим Лембеси, жител на селото Ваисакаи на островите Сула, исчезнал во понеделникот вечерта додека се враќал дома од соседно село.
Откако не се вратил, неговите роднини и мештаните организирале потрага. По шумската патека ги пронашле неговите лични работи и траги од крв, а недалеку од местото забележале огромен питон со необично надуен стомак.
Со помош на полицијата, мештаните ја убиле змијата и ѝ го распарале стомакот, при што внатре било пронајдено телото на исчезнатиот Лембеси.
Портпаролот на полицијата на островите Сула, Џаја Афанди М. Соамоле, потврди дека станува збор за напад од питон.
„Жртвата е пронајдена мртва околу 20:30 часот. Била нападната од питон. Полицајците и мештаните го пронашле телото и го однеле до семејството во селото Ваисакаи за погреб“, изјави Соамоле.
Во меѓувреме, низ регионот се проширило аматерско видео на кое се гледа како мештаните и полицијата ја следат змијата низ густата вегетација пред да ја убијат. На снимката е прикажан и моментот кога телото на жртвата е извлечено од распареното животно.
Смртоносните напади на питони врз луѓе се исклучително ретки, но повремено се случуваат во Индонезија. Земјата е природно живеалиште на мрежестите питони, кои се меѓу најголемите змии во светот. Повеќето вакви случаи се регистрирани во рурални подрачја, каде што луѓето работат во шуми или на плантажи.
Pria bernama Hasim Lumbessy di Kabupaten Kepulauan Sula, Maluku Utara, ditemukan tewas setelah ditelan ular piton berukuran 7 meter.
Saat ditemukan, jasad korban sudah berada di dalam perut hewan melata itu.
>> https://t.co/TBhaeErz4r#ularpiton #kepulauansula #detikSulsel pic.twitter.com/e6Er49h2bI
— detiksulsel (@detiksulsel_) July 30, 2026
